SQ | EN | MK | MO | SR

Поддршка на ниско-јаглеродниот развој во Југоисточна Европа - ПНЈР (англ.SLED)

Проектот: Поддршка на ниско-јаглероден развој во Југоисточна Европа го поддржува процесот на развивање на рамковни политики за ниско-јаглероден развој и обезбедува помош на донаторската заедница, со повеќе информации за можните политики и проекти за ниско-јаглероден развој во земјите кориснички.

Цели

Проектот за поддршка на ниско-јаглероден развој обезбедува поддршка за развивање на рамковни политики за ниско-јаглероден развој и дава помош на донаторската заедница преку обезбедување на детални информации за можни политики и проекти за ниско-јаглероден развој.

Активности

  • Подготовка на сценарија за развој на енергетскиот сектор во целните земји до 2030 год., идентификувајќи ги трошоците и придобивките од ниско-јаглеродниот развој и идентификување на можности за инвестиции и синергии кои произлегуваат од прекуграничната соработка.
  • Подготовка на сценарија за развивање на енергетската ефикасност во станбени објекти (згради) на ниво на држава до 2030 год. со специфицирање на трошоците и влијанието на интервенциите и проценките врз различните законски можности.
  • Подготовка на водич за развивање на сценарио за енергетска ефикасност во станбени објекти (згради).
  • Организирање на работилници за политиките и наодите од анализата на сценарио во секторите за електрична енергија и градежниот сектор.

Влијанија

  • Проценки на ниво на земја на два клучни сектори за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година.
  • Подготвен значителен дел од аналитичката работа во однос на развивањето на стратегии за ниско-јаглероден развој во целните земји и ставен на располагање на владите.
  • Јавно достапни развиени сценарија за знаењата за енергетска ефикасност во станбени објекти.
  • Зајакнување на локалните капацитети во однос на аналитичката работа за енергетска ефикасност во станбени објекти.

Географски опфат

Албанија, Македонија, Косово*, Црна Гора и Србија

* Оваа ознака не го прејудицира статусот, и е во согласност со Резолуцијата 1244 и Мислењето на МСП за косовската декларација за независност .